Утрински Весник
Свет

Европската Унија бара oд Босна и Херцеговина да воведе визи за граѓаните на Русија

Европската Унија бара oд Босна и Херцеговина да воведе визи за граѓаните на Русија

Европската Унија бара од Босна и Херцеговина како земја-кандидат да воведе визи за граѓаните на Русија, потврдија за порталот „Радиосарајево.ба“ од Делегацијата на Европската унија во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Фердинанд Коениг, портпаролот на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, истакна дека Делегацијата на ЕУ очекува Босна и Херцеговина да ги почитува надворешната, безбедносната и визната политика на ЕУ.

„Последниот извештај објавен во октомври кажува многу за усогласувањето на надворешната политика“, додава Коениг.

Откако БиХ стана кандидат за членство во Европската Унија, прашањето за усогласување со визната политика на ЕУ доби на важност и Делегацијата на ЕУ очекува тоа прашање да се најде на дневен ред.

 

БиХ има безвизен режим и со Турција, Азербејџан, Бахреин, Кувајт, Катар и Оман.

Можете да прочитате

Путин нареди евакуација на руските државјани од Блискиот Исток

Подморница на САД потопи ирански воен брод

Америка предупредува да не се патува на Кипар