Утрински Весник
Македонија

Бугарското МНР со нота ќе бара да им се обезбеди пристап на Бугарите на 4 февруари

Бугарското МНР со нота ќе бара да им се обезбеди пристап на Бугарите на 4 февруари
Ss2

Бугарија ќе бара со нота да им се обезбеди пристап на Бугарите кои патуваат во Северна Македонија за да се поклонат на споменикот на Гоце Делчев на 4 февруари. На настанот ќе учествуваат и претставници на бугарската амбасада.

dobivaj vesti na viber

Ова го соопшти бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков на брифинг на кој извести за сработеното на МНР за време на мандатот на преодната влада, извести БНТ.бг.

Img 5587

„На социјалните мрежи во Северна Македонија се организираат блокади на патот кон Скопје против бугарските неонацисти. Клучно е да се обезбеди безбедност на Бугарите таму. Обезбедувањето непречено оддавање почит  на 4 февруари е елемент на тоа. Сакаме да постигнеме деескалација. Ние не бегаме од таков дијалог. Нашиот премиер ќе има телефонски разговор со македонскиот премиер Ковачевски, а еден од главните елементи ќе биде обезбедувањето на безбедноста на бугарските граѓани воопшто, како и за тоа што ќе се случи на четврти февруари. Ние се залагаме за таква деескалација, не треба да се вратиме на ситуацијата од пред една недела, бидејќи тоа би било конкретизирање на репресијата“, посочи Милков.

Според Бугарскиот шеф на дипломатијата, доколку Северна Македонија го попречи пристапот на бугарските граѓани, тоа би било без преседан.

„Ако тоа се случи, тоа ќе биде без преседан. Немам информации дека две земји-членки ги прогласиле своите граѓани за персона нон грата. Ова ќе биде без преседан и ќе бара одговор без преседан. Андреј Ковачев е известувач за РСМ во ЕП. “, потсети тој.

Обвини дека Бугарите и луѓето со бугарска самосвест немале доверба во македонските институции, а поплаки што ги поднесуваат не се разгледуваат или ако се разгледаат добиваат негативен резултат.

 

Ss1

Можете да прочитате

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор

ЦУК: Пронајдено повозрасно лице изгубено на планината Плачковица