Атлетико Мадрид со официјално соопштение ги осуди сопствените навивачи, кои поставија кукла со ликот на Винисиус Жуниор на еден мост во шпанската престолнина пред вечерашното градско дерби во Кралскиот клуб.
22-годишниот Винисиус и во минатотото беше мета на расистички навреди од нвивачите на Атлетико на мечот на „Ванда Метрополитано“, а пред денешното четврт-финале се појави оваа морничава слика со порака: „Мадрид го мрази Реал“. Двата клуба, заедно со Шпанската фудбалска федерација побараа кривична истрага за случајт.
„Ривалството меѓу двата клуба е најголемото, но исто така и респектот. Ниту еден човек, без разлика на намерите, не може да ја наруши коегзистенцијата меѓу различните навивачи. Сите имаат одговорност да избегнат вакви моменти. Тие го кои го направија тоа го го срамат општеството. Нашата осуда е категорична и безрезервна“, велат од Атлетико.
Навивачите на Атлетико испратија морничава порака пред мечот со Реал