Утрински Весник
Спорт

Челси не запира – Ќе плати 40 милиони евра за Густо

Челси не запира – Ќе плати 40 милиони евра за Густо

Фудбалскиот клуб Челси ќе биде активен на трансфер пазарот со крајот на преодниот рок. Откако буквално му го украдоа Михајло Мудрик на Арсенал, Челси сега работи на трансферот на Мало Густо.

dobivaj vesti na viber

Олимпик Лион, минатата недела одби 20 милиони евра за талентираниот десен бек. Одговорот од Франција е дека Густо може да го напушти клубот само доколку биде платена ткупната калузула.

Во договорот на 21.годишниот фудбалер стои дека откупот изнесува 40 милиони евра.

Според француските и англиските медиуми Челси ќе ја плати оваа сума.

Доколку го реализираат овој трансфер, тоа би значело дека сезонава потрошиле неверојатни 500 милиони евра на засилувања, а Густо би бил петнаесеттиот играч за кого Челзи оваа сезона плати оштета.

Само во оваа сезона „сините“, платија 80 милиони евра за стоперот Весли Фофана од Лестер, 70 милиони евра за Мудрик од Шахтјор, 65 милиони евра за Марк Кукуреља од Брајтон, 56 милиони евра Рахимза Стерлинг од Манчестер сити и по 38 милиони евра за Беноа Бадијашил од Монако и Калиду.Кулибали од Наполи.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ