Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Стабилна е состојбата со излевање на Вардар во Зелениково и во Велешко, но опасноста не е надмината

ЦУК: Стабилна е состојбата со излевање на Вардар во Зелениково и во Велешко, но опасноста не е надмината

Состојбата во Зелениково и во велешко е стабилна и излевањето на реката Вардар е стопирано, информираа утрово од Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

Оттаму велат дека опасноста се’ уште постои, но денес опасност за поплавување куќи нема како што имаше сношти.

Од АД ЕСМ вчера соопштија дека е исклучена хидроелектраната „Св. Петка”, а во ХЕЦ Козјак е оставен да работи само еден агрегат со цел да се намали нивото на реката Вардар.

„Утрово ЦУК во координативна комуникација ги информираше за тековната состојба според која се продолжува со контролирано производство на електрична енергија. Инаку, во општина Зелениково, се’ уште има излеана вода надвор од коритото на Вардар од 15 до 20 метри на земјоделско земјиште во близина на река. Со тоа што во текот на ноќта немаше врнежи од дожд и имаше намалено контролирано и оптимално производство на електрична енергија, а со што помало испуштање на водата од браните „Козјак” и „Матка”, водата на Вардар во еден дел се има и повлечено и поплавниот наплив – „бран” е избегнат во Зелениково и во Велешко“, велат од ЦУК.

Оценуваат дека опасноста од поплави во земјава се уште не е надмината и оти состојбата треба да се следи од дежурните институции во општините заради тоа што Управата за хидрометеоролошки работи најавува врнежи од снег на повисоките места и од дожд и снег на пониските.

Се препорачува внимателно движење покрај коритата на реките и суводолиците.

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата