Утрински Весник
Магазин

Кајли Џенер на својот син му го дала името по 11 месеци

Кајли Џенер на својот син му го дала името по 11 месеци
Img 5587

Кајли Џенер, конечно, одлучи како ќе се вика син ѝ, кој набргу ќе наполни една година.

dobivaj vesti na viber

Најмладата милијардерка на светот на својот инстаграм-профил објави фотографија на која е со синот, а во описот напиша Aire.

Ss1

Набргу во коментарите се појавила и мајка ѝ Крис Џенер, која потврдила дека тоа е името на нејзиниот внук.

„Те сакам, Ајре Вебстер“, рече Крис.

Да потсетиме, малиот Ајре е второто дете на Кајли Џенер и раперот Тревис Скот.

Двојката, за која неодамна имаше шпекулации дека се раздели, ја има и четиригодишната ќерка Сторми.

Кога на почетокот на февруари минатата година им се роди синот, објавија дека му дале име Волф, но набргу се премислија.

„Нашиот син повеќе не се вика Волф. Не чувствувавме дека е тој. Сакав да го споделам затоа што гледам дека сите пишуваат Волф насекаде“, напишала Кајли тогаш на „Инстаграм“, пренесе „Телеграф.рс“.

Ss1

Можете да прочитате

Бојата на јазикот може да предупреди на рак или дијабетес, тврдат научниците од Харвард

Овие пијалоци и храна може да предизвикаат мигрена

Во посета на Бимилк 200 деца од градинката „Пролет“ се запознаа патот на млекото