Утрински Весник
Спорт

Фернандо Сантош претставен како нов селектор на Полска

Фернандо Сантош претставен како нов селектор на Полска
Img 5587

Поранешниот португалски селектор Фернандо Сантош е именуван именуваан за нов селектор на фудбалската репрезентација на Полска.

dobivaj vesti na viber

„Од денес сум Полјак. Јас сум еден од вас, чест ми е да ја продолжам мојата тренерска работа овде“, изјави Сантош.

Ss1

Претседателот на Полската фудбалска асоцијација, Цезари Кулежа, направи голем лапсус, го погреши името на новиот селектор.

„Изборот беше тежок, но го избравме најдоброто. Наша прва цел е да се пласираме на ЕП. Не сакавме селектор кој ќе учи од нашата репрезентација, пресудно беше искуството, харизмата и работата. Но, пред се, го доведовме човекот што зад себе има резултати. Ова е Фелипе Сантос“, изјави Кулежа.

Така, Кулежа го прекрсти Фернандо како Фелипе. Фернандо Сантош беше на чело на Португалија од 2014 година до неговата оставка минатиот месец по шокантниот пораз од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

Ss1

Можете да прочитате

Струга ТЛ ја прекина соработката со тренерот Дуро

Рангник се откажа од жешкото столче кај Баерн Минхен

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид