Утрински Весник
Спорт

Шифрин нова рекордерка – 83 победа во кариерата

Шифрин нова рекордерка – 83 победа во кариерата

Американката Микаела Шифрин, поладнево влезе во скијачката историја. Таа победи во велеслаломската трка во Кронплац, Италија и стана скијачка со најмногу победи во Светскиот куп.

dobivaj vesti na viber

Шифрин во Кронплац победи пред Швацарката Лара Гут Бехрами и Италијанката Фредерика Брињоне. Шифрин ја забележа 83. победа во Светскиот куп. Четири победи и недостигаат да го надмине рекордот на легендарниот Ингемарк Стенмарк.

Шифрин има 51 победа во слалом, 18 победи во велеслалом, пет во супервелеслалом, пет парал слалом, три во спуст и една во алпска комбинација.

Таа денеска беше најбрза и по првото возење, а победи со време од 2:00,61 минути.

Второто место го зазеде Швајцарката Лара Гур-Бехрами со 0,45 секунди заостанување, а трета Италијанката Федерика Брињоне со 1,43 секунди.

Словачката скијачка Петра Влхова беше четврта, а Французинката Теса Ворли го зазеде петтото место.

Шифрин води во вкупниот пласман во велеслалом со 500 поени, пред Италијанката Марта Басино со 451 и Гут-Бехрами со 437 поени.

Во вкупниот пласман во Светскиот куп, Шифрин е прва со 1.417 бодови, второпласирана е Гут-Бехрами со 861, а Влхова е трета со 846 бодови.

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД