Утрински Весник
Македонија

Нуредини: Се реафирмира предлог договорот со Албанија за управување со водните ресурси

Нуредини: Се реафирмира предлог договорот со Албанија за управување со водните ресурси

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се сретна со амбасадорот на Албанија Фатос Река на која разговараа за најактуелните прашања од областа животна средина. Исто така разменија мислења за можностите за заеднички пристап во надминување на предизвиците со кои се соочуваат во обезбедување одржлив зелен развој во двете држави.

dobivaj vesti na viber

Во разговорите посебен акцент беше на реафирмирање на соработката во однос на одржливото управување со водните ресурси. Од двете страни е изразена силна подготвеност за интензивирање на преговорите во врска со предлог на Договорот за управување со прекуграничните водни ресури и искажана е воља во најкус можен рок да се изработи нов предлог текст и да се формира мешовита македонско-албанска комисија составена од претставници на надлежни ресори и експерти од областа на водите што би работеле на заеднички предлог текст на Договорот.

Се разговараше и за соработка во другите области, а се направи осврт и на причините на загадувањето на воздухот во државата особено во аимскиот период и во време на грејната сезона.

Министерот и амбасадорот разговараа за интензивирање на соработката на двете држави за одржливо управување со природните вредности на прекуграничните заштитените подрачја како и за одржливо управување со водните ресурси.

Можете да прочитате

Николоски: Го изградивме експресниот пат Градско – Фариш

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Викендов повторно над 40 степени, во недела (6 јули) локално силно невреме