Утрински Весник
Македонија

Наша амбиција е членство во ЕУ до 2030 година, му рече Османи на Гир

Наша амбиција е членство во ЕУ до 2030 година, му рече Османи на Гир

Наша амбиција е членство во ЕУ до 2030, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, за време на средбата со шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

dobivaj vesti na viber

Во фокус на разговорите беше соработката меѓу ОБСЕ, со која актуелно претседаваме, и ЕУ, вклучително и потребата од поблиска координација во дадениот чувствителен геополитички контекст. Османи го брифираше евроамбасадорот за неодамнешната посета на Киев и средбите со украинскиот државен врв. Во таа смисла, најави посета на Брисел кон крајот на месецот, каде во својство на претседавач со ОБСЕ, ќе се сретне со челниците на институциите на ЕУ, при што централна тема на разговор ќе биде Украина.

Соговорниците разменија мислења и околу европското досие на Северна Македонија, односно реформската агенда под лупа на отпочнатите преговори за членство во Европската Унија. Во тој контекст, амбасадорот Гир ги предочи позитивните сигнали од Европската комисија за нивото на подготвеност на нашата администрација и одличниот старт на скрининг процесот. Воедно укажа на важноста од усвојување на најавените уставни измени, за што е потребна искрена политичка волја и проевропски курс од сите политички фактори во државата.

Османи се осврна на актуелниот моментум кој не смее да се пропушти во однос на евроинтегративниот процес, како гаранција за долгорочна стабилност, економски развој и консолидација на правната држава.

Можете да прочитате

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога