Утрински Весник
Спорт

Поро е пред трансфер во Тотенхем

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, до крајот на неделата ќе го добие посакуваното засилување. Тотенхем и Спортинг Лисабон се блиску до конечен договор околу трансферот на Педро Поро.

dobivaj vesti na viber

Клубот од Лисабон упорно инсистираше Тотенхем да ја платат откупната клаузула од 45 милиони евра, но како што стојат работите Спортинг ќе се согласи на да го продаде фудбалерот за 40 милиони евра.

Личните услови не се проблем, Поро веќе ги договорил сите детали до летото 2027 година и само чека Спортинг да ја прифати понудата и да одлета за Лондон.

Инаку, тој е десен бек, многу офанзивен, па ќе биде перфектен како крилен напаѓач во омилената формација на Конте 3-4-3.

Тотенхем, кога ќе го реализира трансферот на Поро, ќе му дозволи на Емерсон Ројал или Мет Доерти да го напушти клубот.

Тотенхем моментално е петти на табелата со 36 бодови, три помалку од Њукасл и Манчестер јунајтед кои имаат и натпревар помалку.

Можете да прочитате

Седлоски: Од тимот очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk