Утрински Весник
Македонија

Муцунски на почетокот на второто полугодие: Инвестираме во современи образовни стандарди

Муцунски на почетокот на второто полугодие: Инвестираме во современи образовни стандарди

Второто полугодие од оваа учебна година започна со финализирање на важни инфраструктурни и образовни проекти во општина Аеродром. Градоначалникот Tимчо Муцунски денеска го посети основното училиште „Браќа Миладиновци“ каде во изминатиот период заврши реконструкцијата на спортското игралиште и оспособувањето на училницата на отворено, а завршена е и дел од реконструираната фасадата на објектот.

dobivaj vesti na viber

„Радоста на дечињата за мене доволно говори за тоа дека инвестициите во образованието, односно подобрувањето на условите во основните училишта се насочени кон градење на образовен систем по модерни и современи стандарди од каде ќе излегува здрава и едуцирана младина“, истакна Муцунски.

Во рамки на денешната посета Муцунски се сретна и со „Едуино“ амбасадорите кои се предводници на дигитализацијата на образованието во општина Аеродром на кој им додели благодарници за придонесот кој тие го даваат за развојот и промоцијата на овој важен проект.

Притоа, тој упати благодарност до Андреј Крстевски кој обезбеди донација од Државната лотарија на Македонија со која се реализираше дел од оваа инвестиција и потенцираше дека Општина Аеродром во изминатиот период во континуитет инвестира, поддржува и создава услови за поквалитетен образовен процес.

„Проектите кои се насочени кон остварување на оваа цел истовремено се инвестиции во најмладите и во нивната иднина. Реконструкцијата и изградба на објектите на основните училишта во Аеродром е помеѓу клучните приоритети во програмата и во оваа насока не застануваме тука. На почетокот на второто полугодие завршуваме со реконструкцијата на веќе започнатите објекти, но почнуваме и реконструкција и изградба на уште неколку нови“, потенцираше Муцунски.

Во следниот период ќе отпочнат активности за доградба на основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, надградба на основното училиште „Гоце Делчев“ во населбата Долно Лисиче и партерно уредување уредување осветлување на дворот на ООУ Димитар Македонски. Истовремено веќе се започнати подготовките за реализација на проектите за бесплатни таблети за учениците од 4 одделение и бесплатно пливање за првооделенците од Аеродром и учениците со попреченост, кое од оваа година наместо 4, ќе се одвива цели 6 месеци.

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон