Утрински Весник
Македонија

Седница на Советот за безбедност во кабинетот на Пендаровски

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Денеска со почеток во 15:00 часот во кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски ќе се одржи 18-та седница на Советот за безбедност.

На дневен ред, на редовната седница на Советот за безбедност, како што соопштија од таму, ќе биде безбедносната состојба во Македонија и евро-атлантскиот регион.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Текстот Седница на Советот за безбедност во кабинетот на Пендаровски е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип

Наумоски: Доста е театар – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

Од март директна авионска линија Дубаи–Скопје три пати неделно