Утрински Весник
Македонија

Врнежи од дожд со умерен ветер, температурата до 12 степени

Врнежи од дожд со умерен ветер, температурата до 12 степени
Ss2

Претежно облачно со променлива облачност во поисточните делови. Од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места во попладневните часови ќе бидат обилни. На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Img 5587

Во Скопје облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Под влијание влажен бран преку ноќта од запад ќе ќе се прошират врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни утре, како и во вторник претпладне (локално над 30 л/м2).

Врнежи од снег ќе има на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од утре од крајот на денот повремен снег ќе има и на некои повисоки места особено на западот.

Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и постудено време со слаби локални врнежи од дожд и снег на планините, а особено во среда снег ќе има и на повисоките места.

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено во 2017 година и тоа не важи, оној кој има 61 пратеник во парламентот ја формира идната влада

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

Крмов: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање на 60 години за жени и 62 за мажи – 24info.mk