Утрински Весник
Свет

Поради мала излезност пропадна референдумот за предвремени избори во Словачка

Поради мала излезност пропадна референдумот за предвремени избори во Словачка
300x250 (7)

Референдумот во Словачка, на кој од граѓаните се бараше да се изјаснат за измените на уставот што ќе овозможат предвремени избори, пропадна поради мала излезност и неговите резултати не се правно обврзувачки, пренесува АП.

dobivaj vesti na viber

На референдумот што се одржа во саботата, 97,5 отсто од гласачите се изјаснија дека се согласуваат со уставните измени, но на гласање излегле само 27,2 отсто од граѓаните со право на глас.

Ss1

За референдумот да биде валиден, требаше да гласаат повеќе од 50 отсто од гласачите, односно над 2,2 милиони луѓе.

Сегашниот Устав на Словачка не признава можност за предвремени избори.

На владата на премиерот Едуард Хегер и беше изгласана недоверба во декември минатата година и оттогаш сите политички актери бараат излез од кризата во земјата.

Словачката претседателка Зузана Чапутова му даде рок на парламентот до крајот на јануари да најде решение кое ќе овозможи предвремени избори.

Доколку не се најде решение во рокот, Чапутова рече дека ќе избере нов премиер и ќе му даде мандат да формира привремена влада, која ќе ја води Словачка до редовните парламентарни избори во февруари 2024 година.

Ss1

Можете да прочитате

Ердоган ја одложи посетата на Вашингтон

Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг

Во Германија уапсени малолетни исламисти, откриено кои градови им биле цел