Јевгениј Пригожин, шефот на „Вагнер“ групацијата, напиша кратка објава посветена на Белата куќа и во неа бара објаснување за кое злосторство ја обвинуваат неговата компанија.
Медиумите потсетуваат дека САД најавија нови санкции против „Вагнер“ која се бори во некои од најжешките жаришта во Украина. Од вчера, групата „Вагнер“ според написите беше прогласена за транснационална криминална организација од страна на САД.
Пригожин го напиша соопштението на англиски и го упати до портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби. „Почитуван господине Кирби, можете ли да разјасните какво злосторство извршил „Вагнер“, напиша тој.
Кирби, според анализите на медиумите го нарече „Вагнер“ криминална организација одговорна за страшни злосторства и кршење на човековите права. Портпаролот на Националниот совет за безбедност тврди дека околу 50.000 членови на „Вагнер“ групата во моментов се распоредени во Украина.