Утрински Весник
Свет

Анкара ја откажа посетата на шведскиот министер за одбрана поради протест во Стокхолм

Анкара ја откажа посетата на шведскиот министер за одбрана поради протест во Стокхолм
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Анкара ја откажа претстојната посета на шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон на Турција, како одговор на дозволата на Шведска за денешното планирано палење на Куранот, исламската света книга, во близина на турската амбасада во Стокхолм.

dobivaj vesti na viber

„Со жалење сме сведоци дека не е преземена никаква акција како резултат на овие гнасни и грозоморни дела против Турција и нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Затоа, во овој момент, посетата на шведскиот министер за одбрана Јонсон на Турција на 27 јануари стана бесмислена. Затоа ја откажавме посетата“ изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар вчера пред новинарите по состанокот на НАТО во воздухопловната база Рамштајн во Германија, пренесува Анадолија.

Потегот кој го најави Акар дојде откако Расмус Палудан, лидерот на данската екстремно десничарска партија Страм Курс, доби дозвола да запали Куран денеска пред турската амбасада во Стокхолм, јавува турската агенција.

Шведскиот министер за надворешни работи, Тобијас Билстром, претходно изрази загриженост дека дозволувањето на овие демонстрации ризикува дополнително да го одложи ратификацијата на Анкара на шведската кандидатура за НАТО. Тој, исто така, додаде дека сепак би било „многу несоодветно“ на лице да му се ускрати правото на протест.

Шведска и Финска поднесоа барање за влез во НАТО во мај, а Турција и Унгарија се единствените земји од Алијансата кои сè уште не го одобрија нивниот пристап.

Можете да прочитате

Естонија: Руски граничари влегоа на наша територија

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност