Утрински Весник
Македонија

Намалување и одржување на стапката на инфлацијата и нови работни места се приоритет за 2023 година, смета Битиќи

279370419 384337593704558 5163639625574402322 n

По кризната 2022 година, државата во новата година влезе со ранета економија, но и со бројни предизвици пред себе вели за 24инфо.

За последиците да не се прелеат во новата година, но и за да се постигне очекуваниот економски раст, потребно ќе биде многу работа но и нов пристап.

Во оваа година приоритет на економскиот тим на Владата ќе биде зауздување на инфлацијата, но и отворање на нови добро платени работни места кои ќе имаат повеќекратен позитивен ефект врз економијата.

Тоа, во своите настапи го потврдува и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

„Имаме неколку краткорочни приоритети на кои работиме веќе од вчера, денеска, утре. Првата е намалување и одржување на стапката на инфлација, без притоа економијата да влезе во рецесија.

Вториот приоритет е енергетска стабилност и диверзификација, притоа не заборавајќи на социјалниот аспект или праведната транзиција, како никој не би бил оставен изложен на ценовен шок и незаштитен. На ова работиме посветено и резултатите се веќе видливи, да не ги повторувам ги спомена и премиерот во своето обраќање.

Сметам дека финансиската поддршка за одржување на ликвидноста на компаниите треба да продолжи и следната година. Владата претходната година силно го помагаше стопанството што придонесе со одржување на економската кондиција и задржување на работните места, дополнително и инвестиции за зголемување на нивната конкурентност преку отворање на нови производни линии, унапредување на технологијата и инвестиции во истражување и развој.“ порача Битиќи пред неколку денови.

Покрај овие политики, сериозен предизвик ќе биде и даночната реформа, која според Владата треба да обезбеди праведно оданочување, но и повеќе пари во Буџетот.

Извор: 24инфо

Можете да прочитате

ТХП: Повторени избори под сомнеж – потребни јасни правила за улогата на поверениците

Три години снимање во екстремни услови на „Приказната за Силјан“ донесе нова номинација од страна на престижните PGA Awards

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани