Утрински Весник
Свет

Орбан го блокираше пакетот воена помош на ЕУ за Украина вреден 500 милиони евра

Орбан го блокираше пакетот воена помош на ЕУ за Украина вреден 500 милиони евра

Унгарија ја блокираше воената помош вредна половина милијарда евра во седмиот таков пакет во рамките на Европскиот мировен фонд, изјави за полски РМФ висок дипломатски извор од ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Земјите членки на ЕУ ќе се обидат да ја убедат Будимпешта да го промени ставот во понеделник за време на состанокот на министрите за надворешни работи.

Претходно, Унгарија само се воздржа од гласањето за поддршка на Европскиот мировен фонд за Украина, но не го блокираше.

Меѓутоа, во декември Унгарија блокираше 18 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина. ЕУ на крајот најде начин да ги испрати парите. Сличен резервен план, наводно, сега е на маса.

„Тешко е за една мала, проруска држава која има исклучоци од сите санкции да ја диктира позицијата на целата ЕУ“, рече дипломат на ЕУ за РМФ.

Унгарија предизвика дополнителен гнев кај земјите од Европската унија, бидејќи сака да отстрани неколку руски олигарси од црната листа на санкции на ЕУ, без никакво објаснување.

„Тоа е исто како да барате амнестија за некој кој е осуден, бидејќи тие што се на црната листа се на неа бидејќи има докази за тоа“, вели дипломат од ЕУ.

Помошта на ЕУ и нејзините земји-членки за Украина од почетокот на руската инвазија изнесува вкупно 50 милијарди евра, се наведува во извештајот на Европскиот совет.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата