Утрински Весник
Свет

Шарл Мишел: Воведувањето санкции кон Русија станува сè потешко

Шарл Мишел: Воведувањето санкции кон Русија станува сè потешко

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека воведувањето нови санкции против Русија станува сè потешко.

dobivaj vesti na viber

– Секоја дебата за санкциите е многу потешка од претходната – изјави Мишел за новинарите во Киев.

Тој посочи дека, и покрај тешкотиите, ЕУ ќе продолжи да разгледува нови пакети санкции против Русија, пренесе новинската агенција „Блумберг“.

Мишел изрази уверување дека повеќе земји „ќе се вклучат во спорот на ЕУ со Русија“.

Европскиот функционер, чија улога е да претседава со состаноците на лидерите на ЕУ, ќе разговара со колегите во Брисел за предлозите на Украина за дополнителен притисок врз Русија.

Една од причините за посетата на Мишел на Киев е помошта на ЕУ во подготовката на самитот со Украина, кој е закажан за 3 февруари, пренесува РИА.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во вторник, 17 јануари, изјави дека ЕУ има намера да воведе 10-ти пакет санкции против Москва.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење