Утрински Весник
Спорт

Бостон реди победи, падна и Голден Стејт

Бостон реди победи, падна и Голден Стејт
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бостон Селтикс славеа пред своите гледачи по продолжението против Голден Стејт со 121:118 и со тоа го забележаа осмиот триумф во низа.

dobivaj vesti na viber

Стеф Кари погоди на 28 секунди до крајот на регуларниот дел за водство на Вориорс од 106:103, а со тројката на Џејлин Браун на 18,6 секунди до крајот, лидерот на Истокот израмни.

Кари се обиде за тројка на 1,8 до крајот, Браун ја фати топката и мечот отиде во продолжение. Во него Бостон, поддржан од поддршката од трибините, беше посигурен и поубедлив, тој дел го доби со 15:12 и ја заврши работата.

Натпреварот беше изедначен од почетокот, а во победничкиот тим најефикасен беше Џејсон Тејтум кој го одигра целиот меч и постигна 34 поени со неверојатни 19 скока и шест асистенции.

Ал Хорфорд додаде 20, Маркус Смарт 18, Џејлин Браун 16, а Малколм Брогдон 14 поени.

Кај Вориорси најдобар беше Стеф Кари со 29 поени со седум асистенции, Клеј Томпсон додаде 24, исто толку колку и Џордан Пул, додека Ендрју Вигинс натпреварот го заврши со 20 поени.



Кошаркарите на Феникс славеа против Бруклин, 117:112. Во последната четвртина влегоа со резултат 96:74, а Бруклин намали до негатива од 114:112. Сепак, „сонцата“ ги задржаа нервите и успеаја да победат, првпат по серијата од три порази.

Кај Санс најдобри беа Микал Бриџис со 28, Деандре Ајтон со 24 поени и 14 скока и Камерон Џонсон со 19 поени.

На другата страна, Ирвинг постигна 30 поени, Ник Клакстон додаде 20, а Сет Кари имаше 16 поени.

Филаделфија победи и против Портланд со 105:95. До победата ги предводеше Џоел Ембиид, кој мечот го заврши со 32 поени, девет скока и две асистенции. Џејмс Харден додаде 16, а Тајрис Макси имаше еден поен помалку.

Кај Блејзерс, Демијан Лилард беше предводник со 25, а Џереми Грант постигна 24 поени.

Резултати: Бостон – Голден Стејт 121:118, Минесота – Торонто 128;126, Феникс – Бруклин 117:112, Портланд – Филаделфија 95:105.

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер