Утрински Весник
Македонија

Врнежи од дожд и снег до средината на другата недела

Утре и в понеделник пороен дожд и грмежи, на планините снег

Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во утринските и претпладневните часови во источните делови каде локално ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер. Поради заладувањето на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските и претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.

До средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет, пообилни во понеделник. Снежната покривка, особено во западните делови ќе се зголемува.

Можете да прочитате

Свечено одбележанo завршувањето на реставрацијата на старата гевгелиска чаршија

Дупката во Фондот не се ,,крши”

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на Фејсбук