Утрински Весник
Спорт

Двајца ракометари на Мундијалот позитивни на Ковид-19

Двајца ракометари на Мундијалот позитивни на Ковид-19

Светската ракометна организација (ИХФ) соопшти дека двајца ракометари се заразени со коронавирус и се испратени во изолација. Тие двајца се единствените позитивни од 1086 тестирани лица на Мундијалот. ИХФ не ги објави нивните имиња, но се работи за еден Белгиец и за еден Египќанец.

dobivaj vesti na viber

Пред почетокот на втората фаза на Светското првенство во ракомет, мораше да се тестираат сите учесници во натпреварувањето, бидејќи има исклучително строг протокол за Ковид-19.

„Тешко е да се избегне инфекција. Во хотелот луѓето се движат без маски, играчите ги донесоа своите семејства. Сите репрезентации можат да бидат погодени“, изјави белгискиот селектор Јериме Сила.

Ракометарите беа тестирани пред турнирот и повторно се тестирани пред почтокот на втората фаза. Ако играчот е позитивен, тој мора да биде изолиран пет дена. Изолацијата завршува по петтиот ден со негативен тест.

Македонија денеска ги почнува настапите во утешниот „Президент куп“ откако не успеа да се пласира во главната фаза на Светското првенство забележувајќи три убедливи порази.

Прв ривал е селекцијата на Алжир, а мечот е закажан за 15.30 часот.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари