Утрински Весник
Економија

Германците повеќе нема да зависат од руските енергетски извори

Германците повеќе нема да зависат од руските енергетски извори

Германија повеќе не зависи од увоз на енергија од Русија, потврди германскиот министер за финансии Линднер за Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека неговата земја целосно ја диверзифицирала својата енергетска инфраструктура од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година.

– Да, секако Германија се уште зависи од увозот на енергија, но денес не од увозот од Русија, туку од глобалниот пазар – рече Линднер, посочувајќи дека нашле нови извори за снабдување со енергија. На Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Линднер укажа на брзината со која е изграден нов терминал за течен природен гас во Германија за рекордни осум месеци. Тој посочи дека планираат дополнителни инвестиции во инфраструктурата и наведе дека тоа е „само еден пример за огромна промена во германската политика“.

– Сфативме дека мораме да ја зајакнеме нашата конкурентност по ерата на канцеларката Меркел. Таа ера беше фокусирана на силните страни на минатото, а сега ги развиваме силните страни на иднината – рече германскиот министер за финансии. Тој, исто така, изјави за Би-Би-Си дека е оптимист во врска со податоците кои сугерираат дека инфлацијата во Германија го достигнала врвот минатата година.

Можете да прочитате

Мицкоски: Инвестициски бум од околу 2 милијарди евра – ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира железничкиот транспорт

Ристовски: Со стратешки пристап, Македонија може да стане значаен играч на европскиот прехранбен пазар

Ангеловска-Бежоска предупредува: „Макроекономската стабилност не е замена за реформи“