Утрински Весник
Спорт

Аргентински фармер направи лик на Меси со пченка на огромно поле од 500.000 квадратни метри

Аргентински фармер направи лик на Меси со пченка на огромно поле од 500.000 квадратни метри
Ss2

Аргентинскиот фармер Максимилијано Спинаце во чест на „иконата“ на Аргентина, Лео Меси решил да му оддаде огромна почит на фудбалерот со тоа што на своето поле посадил пченка на таков начин што направил огромен лик на ѕвездата.

dobivaj vesti na viber

Спинаце со помош на компјутер и на својот пријател, земјоделскиот инженер Карлос Фарикели, процениле каде треба да се засади пченката на неговото поле во Лос Кондорес, во провинцијата Кордоба, за сега овој необичен подвиг наводно да може да се види и од вселената.

„Сега тие се светски шампиони и пресреќен сум што успеавме во проектот“, вели Спинаце.

Фарикели за „Ројтерс“ го објасни процесот.

„Имавме идеја да поставиме код во алгоритамот за сеење за да се појави ликот на Меси. Со алатки за гео-кодирање, машината знае колку семе е потребно за секој квадратен метар и колку треба да постави за да се добие контрастот за деловите на лицето на Меси. Така, кога пченката ќе порасне и ќе се гледа од височина, таму каде што има повеќе растенија поблиску, земјата помалку се гледа, односно се создава контраст“, вели Фарикели.

Ss1

Можете да прочитате

Лејкерс елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот

Чави по победата над Валенсија: Задоволен сум од нашиот став

Барселона го има најскапиот фудбалер на светот