Претседателот на Салернитана, Данило Јерволино на прес-конференција ја објасни хаотичната ситуација во клубот во која тренерот Давиде Никола доби отказ, па беше вратен назад два дена подоцна: „Сфаќате колку сакате некого само кога ќе замине“.
По понижувачкиот 8:2 пораз од Аталанта, Никола беше отпуштен и клубот изврши интервјуа со неколку тренери, пред вчеравечер да биде потврдено дека Никола се враќа.
„Морам да ја објаснам ситуацијата. Тимот беше добро составен, но имаше недостасток на концентрација и физичка подготвеност. По таков пораз, во кој не видов желба за борба сметав дека е потребна промена. Можете да го смените тренерот и стотина тренери ни се понудија. Почнавме со состаноците, за добро на клубот. Но, потоа вчера се случи нешто што е уникатно во светот на фудбалот. Јас и тренерот разговаравме преку спортскиот директор Морган де Санктис, кој има голем респект за Никола. Тој сакаше веднаш да се врати на работа, ги призна своите грешки и колку го сака Салерно. Сфаќате колку сакате некого само кога ќе си заминат. Ова беше единствен начин, и за доброто на клубот, на играчите и на навивачите, вистинска одлука е тренерот да добие нова шанса“, вели Јерволино.
Минатата година, кога Салернитана беше убедливо последна во Серија А, клубот ги донесе Јерволино и Никола, кои успеаја да направат вистински подвиг и да изборат опстанок во елитата.
Live #Salernitana, le dichiarazioni di #Iervolino: “Doveroso fare chiarezza” https://t.co/UeecStrwqr
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) January 18, 2023