Утрински Весник
Свет

Шолц: Несреќата во регионот на Киев е огромна цена што Украина ја плаќа во војната

Шолц: Несреќата во регионот на Киев е огромна цена што Украина ја плаќа во војната

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја оцени денешната несреќа во Украина, кога хеликоптер удри во градинка, како „огромна цена што Украина ја плаќа во војната“.

dobivaj vesti na viber

„Нашите мисли на овој тажен ден се со семејствата на жртвите и повредените и со украинскиот претседател Зеленски, кој денеска остана без министер за внатрешни работи“, напиша Шолц на „Твитер“.

Во падот на хеликоптерот во Киевската област загинаа министерот за внатрешни работи на Украина, Денис Монастирск, и неговиот прв заменик, соопшти полицијата, а пренесува агенцијата „РИА новости“, додека во леталото биле пронајдени девет мртви лица.

Можете да прочитате

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната