Утрински Весник
Спорт

Само победа над Аргентина ги носи македонските ракометари во главната фаза на СП

Само победа над Аргентина ги носи македонските ракометари во главната фаза на СП

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) во Краков го игра клучниот натпревар за пласман во главната фаза од Мундијалот. Ривал е селекцијата на Аргентина, која исто како и македонскиот национален тим, забележа два убедливи порази на стартот од фаворитите Норвешка и Холандија.

dobivaj vesti na viber

На тимот на Кирил Лазаров му е потребен триумф за да ја оствари целта.

„Дојдовме тука со цел да ја минеме првата фаза и сега ни претстои главната битка со Аргентина. Се работи за квалитетен противник кој покажа дека игра цврст и добар ракомет. Сметам дека сме тука некаде со квалитетот, доколку сакаме да победиме мора да одиграме максимално и да ги сведеме грешките на минимум. Се надевам ќе бидеме комплетни, иако ситуацијата со Томи Јагуриновски не е сјајна“, изјави селекторот Кирил Лазаров.

Македонија првпат ќе ги одмери силите со Аргентина на мундијалите, а дуелот ќе го судат литванските судии Ваидас Мажеика и Миндаугас Гателис.

Можете да прочитате

Роналдо му ја честита титулата на Спортинг

Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот