Утрински Весник
Македонија

238 казни за брзо возење

238 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (16.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 238 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 118 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Утрово најстудено во Берово – 6, максималната дневна температура до 16 степени

Нови 1.113 случаи на грип минатата недела, за 3,2 отсто помалку во споредба со претходната

„Ја следеше, пријавувавме во полиција“ – таткото открива морничави детали за смртта на Марија