Утрински Весник
Спорт

Мемфис Депај и Хоакин Кореа дел од голема размена на Барселона и Интер

Мемфис Депај и Хоакин Кореа дел од голема размена на Барселона и Интер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Барселона и Интер би можеле да реализираат голема размена во која би биле вклучени дури четворица фудбалери. Ако веќе се пишуваше дека Франк Кеси е пред преселба во Интер, а Марсело Брозовиќ е во преговори со Барселона, сега оваа размена би ги вклучила и напаѓачите Мемфис Депај и Хоакин Кореа.

dobivaj vesti na viber

Двајцата напаѓачи не блескаат во своите сегашни клубови и не ни имале против да ја променат средината.

Мемфис Депај дојде во Барселона во јули 2021 година и не успеа да го најде своето место во тимот. Холанѓанецот сезонава одигра осум натпревари и постигна четири гола за каталонскиот состав.

Хоакин Кореа исто така не се снајде доволно добро во Интер. Тој е далеку од прв избор на тренерот Симоне Инзаги. Сезонава одигра 21 натпревар, но главно од клупата и постигна само три гола.

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место