Утрински Весник
Македонија

Грковска – Аксинте: Меѓусебната соработка и поддршката од земјите членки на ЕУ се клучни во градењето ефикасен антикорупциски систем

Грковска – Аксинте: Меѓусебната соработка и поддршката од земјите членки на ЕУ се клучни во градењето ефикасен антикорупциски систем

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска оствари работен состанок Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија во нашата држава.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за можноста за унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија во областа на креирање на антикорупциски политики, имплементирање на принципите за добро владеење, како и споделување на корисни искуства од Романија во процесот на пристапување кон Европската Унија.

На состанокот беше истакната определбата на Владата за што поскоро започнување на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, потенцирајќи дека тие се многу важни за остварување на бенефитите на сите граѓани во земјата.

Вицепремиерката Грковска се заблагодари за пријателството и поддршката што Романија и ги дава на нашата држава и, во тој контекст, информираше дека Кабинетот за политики за добро владеење е фокусиран на неколку проекти поврзани со зајакнување на антикорупциските политики и интегритет кои ќе се реализираат во наредниот период.

Амбасадорката Аксинте посочи дека нашата земја може да очекува експертска поддршка од Република Романија, во периодот на скрининг процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ.

„Од особено значење за мене е што ја добивме целосната поддршката за продолжување на патот на реформите, коишто за нас се од клучно значење и се во насока на доброто на граѓаните”, посочи вицепремиерката Грковска.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје