Утрински Весник
Македонија

Претежно облачно време со температура до 8 степени

Облачно време со повремен дожд

Времето денеска претпладне по одделни котлини ќе биде со појава на магла.

dobivaj vesti na viber

Преку денот претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР