Утрински Весник
Свет

Столтенберг: Путин ја прецени својата војска, имаат проблеми со моралот и опремата

Столтенберг: Путин ја прецени својата војска, имаат проблеми со моралот и опремата

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во неделата изјави дека Украина може да очекува нови испораки тешко оружје од своите западни сојузници во „блиска иднина“.

dobivaj vesti na viber

„Неодамнешните ветувања за набавка на тешко оружје се важни – и очекувам повеќе во блиска иднина“, изјави Јенс Столтенберг за германскиот весник Handelsblatt.

Тој зборуваше во пресрет на состанокот на западните земји кои обезбедуваат помош за Украина, што треба да се одржи на 20 јануари во американската база Рамштајн во Германија.

„Ние сме во одлучувачка фаза од војната“, продолжи Столтенберг. „Важно е да и обезбедиме на Украина оружје кое и е потребно за да победи.

Западните земји долго време не сакаа да ја снабдуваат Украина со тешко оружје, наведувајќи го како причина стравот да не бидат вовлечени во војна или да ја испровоцираат Русија.

Опсегот на оружје што го даваат сега е проширен. На почетокот на месецот, Франција, Германија и САД ветија дека ќе испратат оклопни возила или извиднички тенкови – 40 германски мардери, 50 американски Бредли и француски AMX-10 RC.

Обединетото Кралство во саботата објави дека ќе испорача тешки тенкови Челинџер 2 на Украина.

Москва рече дека тие одлуки само ќе го „ескалираат“ конфликтот.

Според генералниот секретар на НАТО, рускиот претседател Владимир Путин направил грешка со нападот на Украина.

„Тој ја прецени силата на своите вооружени сили. Ги гледаме нивните погрешни чекори, нивниот недостаток на морал, нивните проблеми со командата, нивната лоша опрема“, рече тој.

Но, Русите „покажаа дека се подготвени да претрпат големи загуби за да ја постигнат својата цел“, додаде тој,пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“