Навивачите на Челси, конечно, можат да бидат задоволни од тоа што го видоа на „Стемфорд Бриџ“, каде што покрај минималната 1:0 победа на Кристал палас, прво присуствуваа на емотивната посвета за Џанлука Вијали, а потоа на полувреме пред нив беше парадирано новото засилување, украинскиот талент Михајло Мудрик.
На теренот, тимот на Греем Потер не брилјираше, но доволен беше голот на Каи Хаверц по асистенција на Хаким Зијеш во 64. минута за прва победа во последните четири лигашки мечеви. Ова ги остава „сините“ на 10. позиција на табелата, но сепак, дава надеж дека може нешто да се спаси од сезоната.
На „Сент Џејмс парк“ пак, Њукасл стигна до 1:0 победа над Фулам за враќање на третото место на табелата, откако Александар Митровиќ како да му „направи“ услуга на својот поранешен клуб.
Српскиот напаѓач доби шанса повторно да биде херој на Фулам кога во 69. минута беше досуден пенал, кој тој го реализираше, но се лизна за време на изведувањето и двапати ја допре топката, по што голот беше поништен. По ова следуваше суровата казна – Александер Исак во 89. минута обезбеди нова победа за фантастичниот тим на Еди Хау, кој сега има 38 поени на третото место на табелата, исто како четвртопласираниот Манчестер јунајтед (кој има натпревар помалку).
Kai Havertz puts Chelsea ahead… 💥 pic.twitter.com/2rtXmwrk91
— LDN (@LDNFootbalI) January 15, 2023
Mitrovic 😭pic.twitter.com/BJ9c82rksG
— Fast GøaIs (@i6astv) January 15, 2023
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-41886”));