Утрински Весник
Спорт

Нуркиќ и Портланд го „стопираа“ Дончиќ

Нуркиќ и Портланд го „стопираа“ Дончиќ
Dik 300x250 mk

Портланд трејлбејзерс со 136:119 ги совладаа Далас маверикс, во меч во кој Јусуф Нуркиќ блесна, а словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ имае лоша вечер. Со ова се прекина низата од пет порази за Портланд.

dobivaj vesti na viber

Демијен Лилард имаше 36 поени, 5 скока и 10 асистенции за Блејзерси, додека Нуркиќ за само 23 минути на паркетот уфрли 22 поени и имаше 11 скока. За Далас, Дончиќ беше потпросечен (за неговите високи стандарди) со 15 поени, 10 асистенции и 6 скока, но и само 7 коша од 19 обиди од поле. Спенсер Динвиди со 25 поени беше најдобар за Маверикс.

НБА РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Бостон 106:122
Индијана – Мемфис 112:130
Торонто – Атланта 103:114
Минесота – Кливленд 110:102
Јута – Филаделфија 117:118
Портланд – Далас 136:119

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации