Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Тешко им е на судиите на „Олд Трафорд“

Гвардиола: Тешко им е на судиите на „Олд Трафорд“

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изрази незадоволство од израмнувачкиот гол на Манчестер Јунајтед во дербито кое на крајот им припадна на „црвените ѓаволи“. Спорен беше голот на Бруно Фернандеш за 1:1 во 78. минута, откако Маркус Рашфорд беше во офсајд позиција, но не играше со топката.

dobivaj vesti na viber

Помошниот судија го подигна знаменцето, но потоа главниот судија Стјуарт Атвел го потврди голот.

Гвардиола вели дека знае колку им е тешко на судиите да донесат правилни одлуки на „Олд Трафорд“.

„Израмнувачкиот гол? Во офсајд беше Рашфорд, а не Бруно Фернандеш, а неговите постапки го одвлекуваа вниманието на нашиот голман и нашите дефанзивци. Знаевме каде играме. Тешко им е на судиите да судат на овој стадион“, изјави Гвардиола по дербито.

Тој сепак истакна дека неговиот тим играл добро.

„Натпреварот беше навистина добар. Игравме добро, но тие беа неверојатни во транзиција меѓу различните фази. Не казнија токму со тоа. Честитки за Јунајтед. Но, горд сум што дојдовме овде и игравме така, со таков карактер. Одигравме фантастичен натпревар. Не ми е гајле дали ќе го освоиме Карабао купот или Премиер – лигата откако ќе одиграме вака добро“, дополни стратегот на Манчестер Сити.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ