Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно, попладне дожд, а на планините снег

Магливо утро, преку ден сончево со мала облачност

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локалeн слаб дожд, а на некои повисоки места и на планините слаб снег, претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Следува период на променливо облачно време, до понеделник повремено со услови за појава на утринска магла по котлините. Во недела ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Температурите ќе бидат во пораст и ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Можете да прочитате

Човечки труп најден во близина на болницата во Бардовци

Двајца велешани измамиле пензионер за 5000 евра

На аеродромот во Скопје уапсен француски државјанин баран со потерница