Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ако Ковачевски верува дека Владата успешно се справува со кризата, нека излезе пред граѓаните на избори

Мицкоски: Ако Ковачевски верува дека Владата успешно се справува со кризата, нека излезе пред граѓаните на избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Вевчани, одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу изјавата на премиерот Ковачевски дека со тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара избори во мај признава дека владата успешно се справува со кризата, истакна дека доколку Ковачевски навистина верува дека успешно се справува со кризата, наместо да дезертира нека излезе на избори па граѓаните да проценат дали навистина добро се справува.

dobivaj vesti na viber

„Одлично. Ако тој верува дека е така, еве го повикувам да не дезертира, да излезе пред граѓаните на избори час поскоро и да види колку успешно се справува владата. Граѓаните ќе кажат дали се справува успешно или не се справува успешно. Има еден начин тоа да се покаже, на избори, а вака ако продолжи да дезертира и да се крие, за жал ќе не може да го добие сега и веднаш тој одговор на тоа дали успешно се справува и ќе треба да почекаме неколку месеци за да овие пратеници кои што доаѓаат од пратеничката група на СДСМ и ДУИ поддржат распуштање на Парламентот и промена на владата“, потенцираше Мицкоски.

За тоа дали ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу уставните измени, Мицкоски истакна дека не треба да се очекува дека тој став ќе се промени.

„Ставот е тој, не треба да очекувате дека тој став ќе биде променет. Ставот е дека овој Парламент нема мандат да менува Устав бидејќи ниту опозицијата учествувала во креирање на тој договор, ниту опозицијата се согласила со тој договор, ниту пак излегла пред граѓаните да ветува дека ќе има уставни измени. Така што треба час поскоро да се случат предвремени парламентарни избори, да излеземе сите со решение на проблемот кој што го донесе владата на ДУИ поддржана од страна на СДСМ, па граѓаните се тие кои што ќе одлучат кому да ја дадат довербата“ рече Мицкоски.

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон