Утрински Весник
Македонија

Затвореникот го зел пиштолот на полицаецот, со него го ранил, па побегнал

Затвореникот го зел пиштолот на полицаецот, со него го ранил, па побегнал

Бегството на затвореникот од „Идризово” се случило пред полноќ. Четворица затворски полицајци го спроведувале во болница, потврдуваат од МВР.

dobivaj vesti na viber

Во пријавата стои дека на автопат се случувала целата драма. Било пукано со пиштолот на полицаецот, откако му бил одземен.

„Вработените во затворска полиција кои биле со комбе „форд транзит“ на затворската полиција побарале помош од полициски службеници на СВР Скопје, откако, според нивната пријава, додека вршеле спровод на осуденик Б.М., од КПУ Идризово кон Ургентен центар „Мајка Тереза“, на автопатот, осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И.Х. (вработен во затворска полиција), пукал и го ранил И.Х.. Потоа осуденикот избегал со патничко возило „ауди“”, велат од МВР.

Повредениот вработен во затворската полиција е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, додаваат од МВР.

Можете да прочитате

Зајкова: Наместо да се расфрла со фалби дека соседите точеле евтино гориво кај нас, Владата треба да ги субвенционира македонските граѓани

Земјотрес попладнево во Македонија – 24info.mk

За седум месеци Македонија ја посетиле над 740.000 туристи