„Пиунот Димитар Ковачевски ја пофали тиранската средба, а со тоа потврди дека оваа средба е на негово барање за спас на неговата и кариерата на Али Ахмети. Наместо осуда за тоа што националните интереси се дискутираат во други држави, Ковачевски со ловорики зборуваше за тиранската средба. Но, граѓаните бараат одговори. Што е договорено на оваа средба и какви отстапки ќе прифати Ковачевски се со цел да си ја задржи фотелјата на Илинденска“ соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму наведуваат „Дали Ковачевски треба да прифати нови предавства на штета на националните интереси, или на оваа средба Али Ахмети и Еди Рама му испорачаа нови бизнис интереси кои пиунот Ковачевски беспоговорно ќе мора да ги прифати“.
„Димитар Ковачевски и СДС мора да одговорат каква агенда и план разработен на оваа средба добиле на маса за продолжување на агонијата и тонењето на Македонија? Овие средби кои се организираат Ковачевски и Ахмети немаат никаква врска со положбата на Албанците во Македонија, туку само и само за криминалните интереси и богатење на поединци од власта на СДС и ДУИ. Свесни се Димитар Ковачевски и Али Ахмети дека секој ден се повеќе ја губат довербата од граѓаните, па затоа се решени да направат се само да купат ден повеќе на политичката сцена“ се вели во партиското соопштение.