Утрински Весник
Свет

Шоле по средбата со Вучиќ и Брнабиќ: Разговаравме и за Косово, се обидуваме да ја смириме ситуацијата

Шоле по средбата со Вучиќ и Брнабиќ: Разговаравме и за Косово, се обидуваме да ја смириме ситуацијата

Специјалниот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле изјави дека не дошол во регионот за да поставува ултиматуми, туку да го поддржи дијалогот во соработка со ЕУ, која ја смета за партнер. Тој рече и дека не сака да открие како Приштина ќе се убеди да ги спроведе договорите.

dobivaj vesti na viber

Тој на прес-конференцијата рече дека се надева оти дијалогот ќе се подобри и односите ќе се нормализираат.

Шоле рече и дека имал разговори со претседателот на Србија, премиерот и министерот за бројни прашања и оти во разговорите било истакнато дека Србија е важен партнер и оти целта е да се подобрат односите меѓу двете земји уште повеќе:

– Најмногу зборувавме за енергетиката и на тој план ја поддржуваме Србија. Ние сме посветени заедно со ЕУ да помогнеме на европскиот пат. Разговаравме и за Косово и Метохија, се обидуваме да ја смириме ситуацијата. Знаеме дека одлуките се тешки, треба да охрабруваме“ порача тој.

Можете да прочитате

Над 240 случаи на Западнонилска треска во Европа

Трамп очекува конфликтот со Иран наскоро да заврши, Техеран вели дека американската дипломатија не успеала

Италија го отфрли шпанскиот ултиматум за укинување на граничните контроли