Утрински Весник
Економија

Ковачевски: РЕК Битола е во целосна употреба

Ковачевски: РЕК Битола е во целосна употреба

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска беше во посета на РЕК Битола каде е пуштен во употреба и третиот блок на Комбинатот.

dobivaj vesti na viber

„Како што сите можеме да видиме денеска овде, РЕК Битола работи со полн капацитет. Монтажата на новиот трансформатор, што го изработи турската компанија Астор заврши успешно. Пуштен е во употреба и третиот блок во РЕК Битола, којшто веќе испорачува електрична енергија. Ова е голем и значаен придонес во зголемувањето на домашното производство на електрична енергија“, посочи премиерот Ковачевски.

Во 2023 година, планирано е над 70 проценти од домашно производство на електрична енергија да биде произведено од термоелектраните во сопственост на државата.

Производството на електрична енергија без Блок 3, со максимално ангажирање на другите два блока во 2022 година изнесуваше 2.350 GWh.

Во 2023 година од овој капацитет на РЕК Битола, планирано е производство на над 3.000 GWh.

Ковачевски, рече дека овие информации е важно граѓаните да ги знаат, бидејќи во најголем дел, ЕСМ ја обезбедува електричната енергија од РЕК Битола.

„ЕСМ обезбедува струја за 100 проценти од домаќинствата во нашата држава. ЕСМ обезбедува евтина струја и за училиштата, прехранбената и месната индустрија, јавните комунални претпријатија, болниците, согласно политиките на Владата. Затоа, граѓаните може да бидат спокојни – 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија и како и досега, електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции, во една од најпредизвикувачките зими за светот”, порача премиерот.

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“