Владимир Путин вчера нареди нова промена во неговиот воен кабинет и го деградира шефот на силите во Украина.
Генералот Сергеј Суровикин, кој го доби прекарот генерал Армагедон за неговата тактика за време на руската интервенција во Сирија, на 8 октомври беше именуван за главен руски воен командант. Путин вчера го смени Суровикин со генерал Валериј Герасимов, началник на рускиот Генералштаб.
THREAD: a short look at a scolding from Putin & what it tells us about modern Russia.
Today Putin slammed head of Ministry of Industry & Trade Denis Manturov for not signing any new contracts for aircraft in 2023.
Putin was pictured dramatically eye-rolling & paper shuffling. pic.twitter.com/vaCZogudBD
— Emma Burrows (@EJ_Burrows) January 11, 2023
Путин на владина видеоконференција го нападна вицепремиерот и министер за економија и трговија, Денис Мантуров, дека не набавил воени и цивилни авиони и го обвини дека се шегува.
Го обвини дека глумел будала откако политичарот заминал во Турција, земја од НАТО, на новогодишните празници.
„Нема договори. Што ќе ми кажеш? Знам дека нема договори во компаниите, ми рекоа директорите. Зошто се шегуваш?“, му вели Путин во видеото. Тој му рече на министерот дека има еден месец да го среди нередот што доведе до недостиг на воени авиони.
„Сето ова мора да се заврши во рок од еден месец, ве прашувам, за еден месец… Зарем не разбираме во какви услови живееме?, извика Путин. Мантуров слушаше сè со наведната глава.