Утрински Весник
Македонија

Грковска: Или заеднички ќе влеземе во борбата со корупцијата или ќе дозволиме системот да ни остане гнил

Грковска: Или заеднички ќе влеземе во борбата со корупцијата или ќе дозволиме системот да ни остане гнил

„Предуслов за ефикасно справување со корупцијата е активната улога на сите фактори на системот. Во овој процес мора да обезбедиме целосен општествен и политички консензус. Владата на Република Северна Македонија, но и сите ние, сме исправени пред задачата да создадеме соодветен механизам на превенирање на можните коруптивни дејства и нивно навремено и правилно санкционирање“, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во денешното обраќање на амбасадорската тркалезната маса „Ефективна борба против организираниот криминал и корупција: Европски добри практики и домашна реформска агенда“, во организација на Советот на амбасадорите во земјата.

dobivaj vesti na viber

Грковска нагласи дека корупцијата е проблем во сите земји во Европа и во светот и токму затоа справувањето со неа е врвен приоритет.

Корупцијата, додаде таа, го поткопува системот, предизвикува негативни последици на економскиот напредок, а сето тоа влијае на животот на граѓаните и токму затоа се создава разочараност кај граѓаните.

„Верувам дека заеднички, организирано и со квалитетни системски мерки можеме да создадеме ефикасен механизам, кој ќе овозможи справување со корупцијата, нејзино превенирање, но и казнување. Од сите нас зависи во какво општество ќе живееме и затоа сите ние како граѓани имаме обврска да работиме на промена на свеста во оваа насока“, рече Грковска.

Додаде дека унапредувањето на интегритетот, одговорното, отчетното и транспарентно работење се клучните механизми во ефикасното справување со корупцијата и поставувањето темели на владеењето на правото, еднаквата правда и казнивоста.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!