Утрински Весник
Спорт

Себастијан Леб со етапна победа, но Ал-Атијах ита кон нов триумф на релито Дакар

Себастијан Леб со етапна победа, но Ал-Атијах ита кон нов триумф на релито Дакар

Францускиот возач Себастиен Леб (Bahrain Raid Xtreme) стигна до својата четврта последовна етапна победа и вкупно петта на годинашното рели Дакар во Саудиска Арабија, но неговото заостанување во генералниот пласман зад Насер Ал-Атијах (Тојота) од Катар останува поголем од 90 минути.

dobivaj vesti na viber

Леб етапата долга 427 километри од Шабах до Емпти Квотерс ја помина за нешто помалку од три часа (2:56:14), додека лидерот Ал-Атијах заостана шест минути и 42 секунди.

Доколку не се појават некои поголеми тешкотии во последните три етапи, катарскиот возач треба да го освои победничкиот трофеј на релито Дакар по петти пат во својата кариера.

Во конкуренција на мотоциклисти, промена имаше на врвот во генералниот пласман, каде сега се наоѓа Американецот Скајлер Хаус (Хускварна), иако денешната етапа ја заврши на четвртото место.

До денес водечкиот Аргентинец Кевин Бенавидес (Ред Бул КТМ) беше само десетти и падна на третото место во генералниот пласман со две минути и 44 секунди заостанување. На второ место е Австралиецот Тоби Прајс (Red Bull KTM), кој заостанува само 28 секунди зад Хаус.

Во петок караванот ќе се врати во Сабах на етапата долга 376 километри.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност