Утрински Весник
Свет

Преполни болници, во Кина расте загриженоста поради масовното ширење на коронавирусот

Преполни болници, во Кина расте загриженоста поради масовното ширење на коронавирусот

Кинеските граѓани планираа претстојните празници да ги поминат во своите родни места со постарите членови на нивните семејства. Сепак, се чини дека нивните планови би можеле да пропаднат, бидејќи Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека тоа може повторно да ја разгори пандемијата.

dobivaj vesti na viber

Кинеските новогодишни празници, кои официјално започнуваат на 21 јануари, доаѓаат само еден месец откако Кина го укина строгиот режим на масовно заклучување што предизвика широко незадоволство и историски протести, пишува Дневник.хр.

Тој ненадеен пресврт предизвика ширење на коронавирусот кај популација од 1,4 милијарди луѓе на кои им недостига природен имунитет затоа што се заштитени од вирусот откако првпат се појави кон крајот на 2019 година, а вклучува и многу постари луѓе кои не се целосно вакцинирани.

Според кинеското Министерство за транспорт, се очекува повеќе од две милијарди луѓе да патуваат за време на лунарната нова година, која започна на 7 јануари и трае 40 дена.

Тоа е двојно повеќе од минатогодишните патувања и 70 отсто од патувањата забележани во 2019 година пред избувнувањето на пандемијата во централниот кинески град Вухан.

СЗО и странските влади ја критикуваа Кина дека е нечесна во однос на обемот и сериозноста на епидемијата, што поттикна неколку земји да наметнат ограничувања за кинеските патници.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk