Утрински Весник
Економија

СДСМ: Енергетска трансформација е во тек, нови 150 мегавати од обновливи извори

Без струја делови од Илинден и Петровец

Енергетската трансформација во државата е во тек, со забрзано темпо се зголемува производството на електрична енергија од обновливи извори. Минатата година пуштени во употреба се 141 мегават на обновливи извори на енергија а крајот на оваа година ќе се инсталитараат 300 мегавати. Минатата година се издадени лиценци за 267 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори, а тоа е капацитет за снабдување на 65.700 домаќинства, со просечна потрошувачка, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека досега ова е рекордна изградба на нови капацитети од обновливи извори на енергија во една година. Со правилна поддршка и правилно менаџирање може државата да се трансформира во центар на зелена енергија и да се обезбеди енергетска независност.

Владата на СДСМ е посветена на постигнување на сигурен, ефикасен, еколошки и конкурентен енергетски систем што е способен да го поддржи одржливиот економски раст на земјата, кој ја заштитува животната средина и го зголемува квалитетот на животот на граѓаните, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен