Утрински Весник
Магазин

Почина Татјана Патиц, една од петте култни супермодели од 90-тите

Почина Татјана Патиц, една од петте култни супермодели од 90-тите

Татјана Патиц, супермодел од славната петорка со Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Кристи Тарлингтон, почина на 57-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Магазинот „Вог“ прв ја објави веста за нејзината смрт, а причината сè уште не е позната.

Убавицата родена во Хамбург беше најпозната по нејзината работа со „Вог“, како и по главната улога во музичкото видео на Џорџ Мајкл, Freedom, од 1990 година, во кое се појави со останатите супермодели.

„Татјана отсекогаш беше европски симбол на шик, како комбинација на Роми Шнајдер и Моника Вити. Таа беше многу помалку видлива од своите врснички – помистериозна, позрела и понедостижна – и тоа имаше своја привлечност“, се сеќава Ана Винтур, најмоќната жена во модата – главен советник за содржина на Condé Nast и глобален уредник на „Вог“.

Кариерата ја започна на 17 години. Родена е во Хамбург, нo семејството се преселило во Шведска по нејзиното раѓање. На 17-годишна возраст (1983 година), се пријавила на елитниот натпревар за модели во Стокхолм, каде го освоила третото место, а наградата била патување во Париз и договор на определено време.

Наскоро Татјана стана модел за „Версаче“ и „Шанел“, често појавувајќи се во печатените реклами и на модните писти, а беше и на насловните страници на многу списанија, како што се „Вог“, Харпер’с базар“ и „Мари Клер“.

Откако се појавија во спотот за Freedom, девојките беа нарекувани икони супермодели од 90-тите, и често работеа заедно.

Беше кралица на светските модни писти, а благодарение на невообичаено совршениот облик на лицето стана заштитно лице на многу кампањи, на „Шанел“, „Келвин Клајн“ и „Версаче“.

Зад себе остави син, Џона Џонсон, од бракот со Џејсон Џонсон.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста