Утрински Весник
Спорт

ПСЖ силно се заинтересира за Ловро Мајер

ПСЖ силно се заинтересира за Ловро Мајер

Хрватскиот интернационалец Ловро Мајер е трансферна цел на ПСЖ. Откако беше поврзуван со можен трансфер во Реал Мадрид и во Атлетико Мадрид, Хрватот сега е интересен и за тренерот на „светците“, Кристоф Галтие. Тој го посакува во својот тим за вториот дел од сезоната во францускиот шампионат.

dobivaj vesti na viber

Покрај мадридските гиганти и ПСЖ, интерес за хрватскиот репрезентативен играч за врска на Рен покажува и најбогатиот клуб во светот, Њукасл.

Се пишуваше дека двата мадридски гиганти се подготвени да платат 60 милиони евра за Мајер, но сега и Пари Сен Жермен силно го посакува. Мајер е под договор со Рен до летото 2027 година.

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ