Утрински Весник
Спорт

Нема крај на маките за Лукаку

Нема крај на маките за Лукаку

Ромелу Лукаку повторно е надвор од теренот поради проблеми со коленото. Ова е веќе трета повреда сезонава за Белгиецот и се чини дека телото го издава, а нема ниту 30 години.
Белгиецот со месеци е немирен и прашање е дали некогаш повторно ќе биде „стариот“. Откако замина во Челси во летото 2021 година, неговата кариера има сериозно надолна траекторија.

dobivaj vesti na viber

29-годишниот напаѓач сега дозна дека неволјите за него не се завршени. Лекарскиот тим на Интер му констатирал на Лукаку воспаление на коленото кое ќе го оддалечи извесно време надвор од терените.

Лукаку летово се врати во Интер и се чинеше дека сѐ ќе оди на подобро. Сепак, и на „Џузепе Меаца“ му се случува истото. Сезоната не ни започна, а тој веќе беше повреден и мораше да пропушти два месеци и дури 12 натпревари. Со максимални напори успеа да оди на Мундијалот во Катар со Белгија, но и таму не му одеше.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина